Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Во изминатово деноноќие дури 22 починати лица од ковид-19 се регистрирани во земјава, информира Министерството за здравство. Станува збор за 9 пациенти од Скопје, 4 пациенти од Прилеп, 2 пациенти од Гевгелија и по 1 пациент од Тетово, Велес, Охрид, Кочани, Кичево, Делчево и Струмица. Сите пациенти се починати во болнички услови. Со денешниот негативен биланс, вкупниот број на починати лица од ковид-19 во земјава се искачи на 3.228 лица.

Во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани се 412 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300. Најголем дел од активните случаи на ковид-19 се во Скопје, вкупно 4.485 на број.