Изминатата недела секој трет тест за ковид бил позитивен

-

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5 oтсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,6 отсто до 34,4 отсто, односно просечно – 29,1 отсто, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17 до 23 јануари.

Според извештајот, тестирани се 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево. Процентот на позитивност се движи до 34,4 отсто.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30 – 39 години и 40 – 49 години. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0 – 9 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, стои во извештајот.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје.

На 17 февруари лани започна вакцинацијата против ковид-19. Заклучно со 22 јануари годинава, вакцинирани се вкупно 864.759 лица со барем една доза на вакцина во државата и странство. Комплетно вакцинирани се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

 

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...