Осумдесет и три годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра, соопштуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Според пријавеното лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот„, се вели во информацијата од МВР.
