Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Формуларот што се пополнува служи само за измамниците да имаат пристап до платежните картички и банкарските податоци на граѓаните и да ги испразнат нивните сметки на измамнички начин

-

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става до знаење дека наводно – „уште 7 луѓе ја прегледуваат оваа понуда“. Невистинито се тврди дека „пакетот ќе биде доставен од 5 до 7 дена“ и се наведуваат корисниците на социјалните мрежи да „го пополнат формуларот за да го добијат својот Маршал звучник“. Но, тој формулар што се пополнува, служи само за измамниците да имаат пристап до платежните картички и банкарските податоци на граѓаните и да ги испразнат нивните сметки на измамнички начин, пишува Вистиномер.

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од звучник од брендот „Маршал“ и пишува:

60-годишнина на брендот Marshall! 🥳
По повод прославата, нудиме 60 звучници Marshall по специјална цена: https://tinyurl.com/mk-60-anniversary
Пополнете краток формулар и преземете го вашиот звучник. Побрзајте, залихите се ограничени!
Објавата се споделува од Фејсбук страница која го носи името „Нептун“ и на профилната фотографија е поставена фотографија од логото на познатиот бренд и синџир на продавници за електроника. Меѓутоа, кога ќе се пристапи на страницата на Фејсбук од која е споделена објавата, веднаш се доаѓа до заклучокот дека тоа не е официјалната страница на „Нептун“. За тоа има бројни показатели. Прво, страницата има само 6 допаѓања што за компанија како „Нептун“ е невозможно бидејќи таа опстојува со години и на пазарот и на социјалните мрежи. Вториот показател дека се работи за невистинита страница е тоа што до неа го нема синото знакче кое што покажува дека некоја бизнис-страница е официјална. Официјалната страница на „Нептун“ на Фејсбук има 349 илјади следбеници и е разработена со бројни промоции, обраќања до потрошувачите, понуди за попусти и начини за плаќање на рати, односно сето она што вообичаено се прави кога станува збор за маркетинг на социјалните мрежи од страна на продажни брендови.
Невистинитата Фејсбук страница во која е злоупотребено логото и името на „Нептун“ симулира вистинитост подобро отколку некои претходни страници, само затоа што во описот на контакт информациите, е наведена адресата на „Нептун“ (вистинската). Меѓутоа, веќе мејл адресите се разликуваат. На лажната страница мејлот за контакт е [email protected], а на вистинската мејлот за контакт е [email protected].
Конкретната објава, содржи фотографија од звучник, а во нејзиниот склоп се наведува линк којшто води до надворешна страница. Токму овие линкови се главните што граѓаните и корисниците на социјалните мрежи треба да ги забележуваат во смисла на нивна невалидност и измамничка природа. Така, конкретниот линк, не го води корисникот на страница со домејн на „Нептун“, туку на страница со паушален домејн. Ова е показател дека „Нептун“ не стои зад конкретната објава во која некој лажно се претставува во нивно име.
Страницата на која се упатени граѓаните изгледа како фотографијата погоре и само е изработена на темплејт, со злоупотреба и на брендот „Маршал“. Овој бренд звучници се продава во „Нептун“ и тоа е уште една пософистицирана метода која измамниците почнуваат да ја користат, односно да прават невистинити фишинг сајтови каде има реални производи што навистина ги дистрибуира и продава ланецот маркети чиј бренд се злоупотребува. На невистинитата страница се поставуваат четири прашања – од каде дознавте за „Маршал“, во каков вид просторија планирате да ги користите звучниците (комплетно ирелевантно прашање за наградната игра во случај кога таа би постоела), кои карактеристики ви се важни кај звучниците и која боја звучници ја преферирате?
Потоа на екранот се појавува лажно известување дека „имаме звучник што ги задоволува сите параметри што ги наведовте“ и „имате можност да добиете звучник ако ја одберете вистинската подарочна кутија од 3 обиди“. Потоа, откако ќе кликнете на кутиите, се појавува ново автоматизирано невистинито „известување“.
Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става до знаење дека наводно (што не е точно) – „уште 7 луѓе ја прегледуваат оваа понуда“. Невистинито се тврди дека „пакетот ќе биде доставен од 5 до 7 дена“ и се наведуваат корисниците на социјалните мрежи да „го пополнат формуларот за да го добијат својот Маршал звучник“. Но, тој формулар кој се пополнува, служи само за измамниците да имаат пристап до платежните картички и банкарските податоци на граѓаните и да ги испразнат нивните сметки на измамнички начин. Тоа се случува на повеќе начини – или ваквите сајтови со доведување во заблуда на граѓаните ги претплатуваат на сервиси од кои постојано им се влечат парични средства, или одеднаш им се повлекуваат парите. Исклучително е важно да се напомене, дека на официјалната Фејсбук страница на „Нептун“ во моментов нема ваква наградна игра, а има над 300 илјади граѓани коишто ја следат. Доколку наградната игра беше вистинска, тогаш таа ќе беше споделена од официјалната страница на „Нептун“, а не од новоформирана, неетаблирана страница, со само 6 следбеници. Коментарите под објавата од наводно „задоволни нарачатели на звучникот“ се лажни и не се од вистински корисници.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...