Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, при што е злоупотребено и логото на Канал 5 ТВ, се наведуваат граѓаните да инвестираат во фиктивна платформа за заработка, односно тргување со криптовалути. Граѓаните се наведуваат да инвестираат 15.000 денари со измама дека ќе да заработат 200.000 денари

-

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да инвестираат во фиктивна платформа за заработка.

Во објавата стои

Оние кои се родени помеѓу 1951 и 1992 година можат да ја добијат оваа придобивка!

Се споделува и линк со измислено интервју со министерот за економија и труд, Дурмиши во кое е злоупотребено логото на медиумската куќа Канал 5 телевизија. Во насловот на текстот стои:

Сега жителите на Македонија ќе почнат да добиваат приходи од даноци: Бесар Дурмиши зборуваше за новиот систем за враќање на даноците

Ова е дезинформација. Граѓаните не добиваат приходи од даноци, туку се наведуваат да инвестираат во фиктивна платформа за тргување со криптовалути. Станува збор за измислено интервју со министерот за економија и труд Дурмиши, а исто така, измислени се и ликот, името и презимето на новинарoт. Оваа содржина ја нема на официјалниот сајт на Канал 5 ТВ.

Се споделуваат дезинформации дека граѓаните може да заработуваат пари од даноци, што е тотална бесмислица.

Во дел од интервјуто полно со небулози стои:

Бесар Дурмиши: “Благодарение на Nearest Edge, системот веќе започна да работи! За нашите граѓани резервирани се 4.000 социјални сметки. Секој граѓанин над 18 години може да се регистрира и да остварува пасивен приход преку Nearest Edge.”

А кога ќе се кликне на наводниот систем Nearest Edge, sе бараат податоци име, презиме, мејл, телефон за тргување со криптовалути. И, тука е всушност измамата. Се наведуваат граѓаните да инвестираат 15 илјади денари на платформата, со измама дека ќе заработуваат и по 200 илјади денари месечно.

За поголема веројатност и да се измамат што повеќе граѓани на наводниот систем за заработка, под лажното интервју има коментари од лица кои наводно заработуваат преку платформата.

Впрочем станува збор за платформа слична на Конти каде што пред неколку месеци беа измамени 14.000 граѓани во земјава.

Управата за финансиско разузнавање тогаш упати апел граѓаните да бидат внимателни:

Во период на зголемени рекламни активности на социјалните мрежи поврзани со т.н. „платформи за остварување на брза заработка преку интернет“, Управата за финансиско разузнавање, ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со сопствените парични средства и навремено да препознаат фиктивни измамничко-инвестициски платформи, односно да не инвестираат во ваквите платформи и апликации.

Граѓаните мора да бидат внимателни да не наседнуваат на вакви измами фиктивни платформи за заработка.

Поради сето ова објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...