Здружението Иницијатива за права на жени од Шуто Оризари, организира изложба насловена како „Заедно кон безбедни и сигурни чекори за исправени потпетици“, која се организира по повод 16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство. Како што информираат оттаму, изложбата ќе се одржи на 29 ноември од 13 до 15:30 часот, во Клуб на новинари.
„Со оваа изложба сакаме да ја поттикнеме јавноста да започне отворен и искрен разговор за превенција на насилството, да ги поддржиме жртвите и да се заложиме за создавање на општество без насилство, каде секој поединец ќе се чувствува сигурно и почитувано. Нашата цел е подигнување на свеста за семејното насилство и родово базирано насилство врз жени и девојчиња, превенција и заштита од насилство преку едукација на заедницата, донесување на законски решенија и обезбедување безбедни простори за жртвите на насилство, вклучувајќи прифатни центри, правна помош и психолошка поддршка“, велат организаторите.