fbpx

Изложба на воздухоплови в недела на аеродромот „Стенковец“, над Скопје ќе летаат борбени авиони

-

Граѓаните на Скопје и на Северна Македонија в недела ќе имаат уникатна можност одблиску да видат дел од воздухопловите кои се користат на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира на армискиот полигон „Криволак“.

Како што информираат од Министерството за одбрана, дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите AH-64 Apache, UH-60 Black Hawk, CH-47 Chinook, HH-60, Mi-17, Bell и авионите Zlin. Во периодот од 11:30 до 12:30 часот, прелет над аеродромот ќе направат авионите A-10 Thunderbolt II, ловците F-16 и авионите Air Tractor.

Отворениот ден ќе биде посетен и од министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД, Кејт Брнз и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Министерството за одбрана ги повикува граѓаните да го посетат отворениот ден за воздухоплови на спортскиот аеродром „Стенковец“ во периодот од 10 часот до 16 часот.

За заинтересираните граѓани, ќе биде организиран превоз од спортската сала „Борис Трајковски“, од пред големиот паркинг на салата до спортскиот аеродром „Стенковец“, со тргнување од салата „Борис Трајковски“ во 09:30, 10:30 и 11:30 и тргнување од „Стенковец“ во 13:30, 14:30 и 15:30 часот.

За време на отворениот ден, граѓаните ќе можат да се запознаат и со воената професија, како и со содржините на магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...