Изложба на стрипови и доделување награди „Од уметност кон родова еднаквост“

Главната цел на проектот е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниоти приватниот сектор

Наградена фотографија на Душица Димитровска

Денес во Културниот центар Јадро беше отворена изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“, на која се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет.

Оваа изложба е дел од кампањата Биди чудо од девојка, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Главната цел на проектот е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниоти приватниот сектор. Проектот обезбедува кариерно советување, практикантство, менторство, како и поддршка на различни иницијативи ширум земјата.

Изложбата ќе биде изложена во МладиХаб од следната недела каде секој ќе може да ја
види бесплатно.