Изложба на илустрации од литература за деца од македонски уметници во Букурешт

Фото: Јане Теохаревски

Во Националниот Музеј на Романската Литература (MNLR) на 3 мај ќе се отвори
изложбата „Илустрации од македонската литература за деца (90-тите години на XX век)“ во чиј состав влегуваат илустрации на Васко Ташковски, Душан Петричиќ, Михајло Писањук, Бранислав Мојсиловиќ, Лилјана Манзаловиќ и други кои твореле во вој период во рамките на тогашниот бастион на детската литература, книгоиздателството „Детска радост“.

Станува збор за првиот дел од проектот што се реализира по повод Денот на детето (1 jуни) каде се застапени уметници кои први се соочиле со предизвикот да сликаат илустрации од литературни дела за деца издавани во кон крајот на минатиот век и уметници кои биле поканети да илустрираат кај нас од поранешните републики на некогашна Југославија.

Целиот проект ќе биде претставен во еден од најпрестижните музеи во Букурешт, а куратори на изложбата се Јане Теохаревски и Марика Теохаревска.

Изложбата е поддржана од „Витаминка“-Прилеп и од македонската амбасада во Букурешт и истата ќе биде отворена до 31 мај.