fbpx

Изложба на фотографии во Мала станица „Украина: Воено злосторство“

На изложбата беа прикажани фотографии од војната во Украина, книгата со истото име „Украина: Воено злосторство“ и сведоштва од неколку жители од воените зони

-

„Украина: Воено злосторство“ е името на изложбата на фотографии која вчера се одржа во Мала станица, во рамки на програмата за работа за 2024 година на Фондациите Отворено општество Западен Балкан.

Изложбата е изведена од истоимената книга објавена од FotoEvidence, која вклучува повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија.

„Овие храбри фоторепортери ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасните вистини на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот. Изложбата патува во Скопје, од Приштина а претходно била прикажана и во Тирана. Истата ќе се прикаже и во други земји на Западен Балкан“, соопштија организаторите на изложбата.

Свое обраќање имаше Анди Добруши, регионалниот директор на Фондациите Отворено Општество Западен Балкан, Светлана Бачеванова, кураторка на изложбата, како и Кристофер Окиконе, фоторепортер.

„Ова е трет пат како ја прикажуваме изложбата во земјите од Западен Балкан. По Тирана и Приштина, вечерва сме во Скопје за подоцна да продолжиме со четврта изложба во Белград. Сликите се многу силни. Изложбата вечерва е различна од она што сме правеле на други места. Има три просториии, војната, жртвите и третиот посветен на љубовта. Тие фотографии покажуваат отпорност на една акција, бидејќи иако гледаме страдање, болка, војна и нејзините ефекти, луѓето на Украина наоѓаат сила“, рече тој.

Бачованова, пак, рече дека често луѓето ја прашувале зошто го прави ова, мислејќи на работата која FotoEvidence ја работи за изложбата и книгата.

„Да не заборавиме што се случува, ова е војна и важно е да се каже низ што поминува Украина. Се надевам дека луѓето ќе дојдат и ќе ја видат вистината, работата на 93 фоторепортери“, кажа таа.

Фоторепортерот Кристофер Окиконе, во своето обраќање праша, како се оправдува убиството.

„Ве молам погледнете околу себе и кажете: како се оправдува бомбардирањето, како се оправдува убиството? И потоа обидете се да разберете и да ја чувате Украина во вашите срца. Еден мој пријател, во своите 50-ти, ги виде фотографиите и го видов како плаче, а потоа праша: „Зошто сакаат да не убијат?” Единственото објаснување што го имав беше дека тие се обидуваат да го истребат украинскиот народ, а овие фотографии ја раскажуваат приказната, па сакав да кажам, ако можете да ја споделите приказната со вашето опкружување, ве молам направете тоа, за повеќе луѓе да знаат што се случува“, рече фоторепортерот.

На изложбата беа прикажани фотографии од војната во Украина, книгата со истото име „Украина: Воено злосторство“ и сведоштва од неколку жители од воените зони. На изложбата ѝ претходеше панел-дискусија која се одржа истиот ден, во Мала станица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...