Изложба и проекција на филм во МКЦ за одбележување на 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

фото: Младински културен центар (МКЦ)

Со изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“ на авторката Зоја Богдановска, која ја подготви Музејот на град Скопје, вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одбележи 59-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Како што велат од МКЦ, основната идеја на изложбата е пред публиката да се презентира хуманоста и солидарноста на народите од целиот свет, кои не признаваат граници и меридијани.

„26 јули е денот кога Скопје ја доби својата прва голема лузна, но е и денот кога Скопје дозна колку голема љубов и поддршка има од другите градови и држави. Ова е настан кој го одбележува тој трагичен ден и потсеќа на помошта која беше пружена од целиот свет“, велат од МКЦ.

Покрај изложбата, вечерва ќе се одржи и поетско читање на песни посветени на Скопје, подготвено од Организацијата на жени на Град Скопје. Настанот почнува во 19 часот во МКЦ, а влезот е слободен.

Во 20:30 часот во кино Фросина ќе биде проектиран на филмот „1963: Добра ноќ Скопје“ во режија на Илија Павлов, додека на платото пред МКЦ ќе се одржи и музичка програма.