„The Blood of Dawnwalker“ е квалитетна игра со вампири која штотуку излезе при ситуација на недостиг на добри игри со вампири и веднаш не само што доби позитивни критики туку е и најпопуларната игра моментално.
Особено затоа што се знае дека девелоперите на играта односно студиото„Rebel Wolves“ работеле и на „Witcher 3“ затоа и има ред сличности со оваа игра, но гејмплејот е воздигнат на повисоко ниво во голем број на аспекти.
Мора да се напомене дека играта е наменета за возрасни гејмери затоа што содржи експлицитни и драстично крвави сцени.
Уште при првата најава на играта имаме напис што може да го прочитате овде каде играта е детално објаснета, но во овој напис ќе се осфрнеме на искуствата од играњето на играта, што го видно го поттикна интересот на гејмерите ширум светот, што резултираше со голем број видеа за „The Blood of Dawnwalker“ на „Јутуб“ и на „стриминг“ сервиси кои донесоа свежи инфомации за поставеноста и специфичностите на играта.
Поставеноста на играта е што дејството се одвива во алтернативна фантазиска историја во Европа во 14ти век и почнува во областа на Карпатите, иако се присутни две месечини на небото, што зборува за паралелен универзум, којшто секако е измислен. Во играта жителите на околијата и областа мораат да дадат „данок во крв“ на Вампирите на крајот од секој месец преку гротескни ритуали и луѓето се третирани како да се добиток што стои на располагање на вампирите.
Во низа перипетии главниот лик Коен станува полу-вампир и градуално се претвара во најдобриот ловец на вампири, неговото семејство е киднапирано и бива спремано за посебен ритуал на крајот од месецот. Во играта имате тајмер од 30 дена да ги спасите најблиските. Но ова не е и така ограничувачки фактор, дека тоа не се 30 дена во реалниот живот туку во самата игра и секој нареден ден е тригиран од дијалози или акции за прогресирање на приказната, тоа што Коен е буден и ноќно време значи дека имате и 30 ноќи. Но ако решите да роварите низ природата и огромната мапа може тоа да го правите временски колку сакате, но само треба да се внимава да не се тригира следен ден преку интеракции со ликовите. Така што иако играта има „тајмер“ за да се заврши главната приказна, нуди многу повеќе време за играње одошто изгледа на прв поглед.
Можностите за комплетирање на мапата се многубројни, има зандани кои кријат богатства, може да најдете оружја во гробови, бандити на кои наидувате додека трчате низ патишта во шуми, ненадејни напади од други вампири, спасување на загрозени невини луѓе и освојување на тврдини итн.
А околината и ликовите реагираат адекватно на вашите дејства, односно ако убивате војници во дадена околија добиваат појачување од повеќе трупи. Само што единствен пропуст е што нема јавање на коњ и патувањето знае да биде споро дека трчате со ликот, дури подоцна во играта ноќе добивате способност да се претворите во волк и така да патувате побрзо, а преку ден способност за брзо вампирско трчање.
Мора да се напомене дека при левелирањето на одредени „скилови“ врзани со приказната исто така „го тригирате тајмерот“ за почеток на следен ден од ограничувањето на 30 дена во играта.
Во текот на играта има и делови од приказната што знаат „да го заклучат ликот“ да мора да проследи анимација и да направи чекор со дијалози, што на нетрпеливите гејмери може да им пречи, а ветераните гејмери се „секогаш жедни“ за што подлабока приказна.
Затоа и задачите односно „квестовите“ на кои наидувате знаат да изненадат со посебни добро осмислени приказни и повеќе „ланчани квестови“ за кои по завршувањето се гледа колку креативност и дополнителен труд влеале девелоперите во оваа игра.
Главниот лик Коен кој е „дневен шетач“ полу-вампир им се допадна на гејмерите затоа што е одлично сработен и допадлив според тоа како е карактерно направен. Гејмерите исто така забележаа дека во Вичер универзумот има вичер којшто се вика исто така Коен, но сепак тоа се востанови дека е неповрзано со Коен од „The Blood of Dawnwalker“ и не се работи за истиот лик.
Ако имавте потешкотии да разберете дел од гејмерските термини во овој напис ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за гејмерски термини, каде сите фрази што се употребуваат за ваков тип на видеоигри, се детално и описно објаснети на македонски јазик.
