Излезе играта Assassin Creed Shadows сместена во феудална Јапонија, долгоочекуван сетинг во овој серијал од игри. Фановите ја бараа оваа варијанта долго време и конечно е тука. Беше логично игра со „асасини“ да има издание и со „нинџи“. За случувањата околу играта имаме и претходен напис каде е објаснета контраверзијата околу тоа што еден од главните ликови е африканец.
Играта има прекрасни пејсажи од средновековна Јапонија и изобилува со динамична акција и добро направени борби во кои има повеќе опции за забавен комбат во игра.
Женскиот лик Naoe е повеќе ориентиран за нинџитсу- прикрадување и напаѓање од сенка и не е многу ефикасна во чисто акционо борење за кое другиот лик Yasuke е специјализиран – што стана тренд на франшизата уште откако порасна популарноста на Assassin’s Creed Odyssey и сите последователни игри добија повеќе боречки карактер одошто стелт. Иако за Assassin’s Creed Mirage имаше обид што флопна (беше неуспешен) дека со таа игра сакаа да ја вратат франшизата на првиот дел со ликот Altair.
Најдобриот дел од Assassin’s Creed Shadows е што во борбите може да се употребува и “Perfect Deflect” како во Секиро (игра обработена овде) и се нудат уште еден тон опции за различни видови на борење поврзани главно со нинџи – за различни трикови при борба цел арсенал алтернативни оружја и самураи со директен брутален комбат.
За оваа игра е потребен подобар и поскап гејмерски компјутер со понова графичка- според најновите стандарди – поради оптимизација не може да се игра на основна просечна гејмерска машина.
Играта е веќе во продажба и може да се купи на Steam. За стандардната верзија цената е 70 евра додека за Делукс Верзијата од Assassin’s Creed Shadows се плаќа еднократно 90 евра. Секако во подемот на ваков тип игри според критиките сепак се работи за солидна и добра игра што има потенцијал со време да биде маркирана како една од најдобрите во Assassin’s Creed серијалот.