Најновата експанзија за играта Diablo 4 насловена „Lord of Hatred“ штотуку излезе и одзивот на играчите е таков што и дадоа одлични коментари и оценки.
Секако ако сте навикнати на самата игра, уште повеќе ќе бидете пријатно изненадени дека има механики особено за новата класа „Ворлок“ што многу повеќе синергизираат со комбинации на скилови, односно билдови.
Тоа што највеќе ги воодушеви играчите е самата приказна инкорпорирана во оваа експанзија, поради одлично сработен пресврт со Хорадримот-Волшебник Лорат и особено поради враќањето на најикончиниот лик за Диабло 4 самата Лилит. Важен феминистики лик од гејмингот, особено за женската популација гејмерки.
Лилит е мајката на светот „Sanctuary“ во кој се одвива дејството и е ќерката на Мефисто која им помага на смртниците водени од главниот лик (вие во играта) да го уништат нејзиниот татко-Господарот на Омразата: Мефисто
Тешкотијата на самата игра исто така е зголемена и захтева голем степен на мобилност, што претставува интересен предизвик да се преигра и новата кампања истовремено со најновата сезона. Иако воведниот синематик излезе неколку дена пред играта, додека во самата игра има и свој додатен анимиран вовед -но ова е главната анимација:
Што се однесува за новите две класи Ворлок и Паладин и новата зона наречена Сковос, имаме претходни написи за разновидноста на способности кои ги користат, овде може да прочитате повеќе за Ворлокот, а тука повеќе за класата Паладин.
Со месеци пред да излезе играта беше пуштена да се испроба на ограничена промоција до 25 левел. Не само што играчите веќе добро знаат да ги контролираат и „употребат против злото“, туку за кратко време од неколку часа излегоа билдови кои се ненормално брзи и силни особено за Ворлокот којшто е демонолог.
Иако играта се вика Diablo што преведено од шпански значи „Ѓаволот“ -во сите верзии на играта вие сте јунак којшто се бори против Ѓаволот и неговите слуги демони и секакви суштества и извитоерени од зло абоминации, како и прикрени злобници кои позираат како доброчинители.
Секако треба сериозно да се земе во предвид дека се работи за имагинација и да се пристапи здраворазумски на играта како кон фантазија што и е-токму како кон само епско-фантастична видеоигра со голем број хорор елементи и употреба на мрачна фантастика низ експлицитни крвави содржини, не за џабе ознаката за играта е „18+.“
Поради зголемената тешкотија на играта, Ворлокот може оптимално да има максимум од 9 повикани демони со скилови, но и да поробува демони во дивина и да повика свој помоќен голем демон во вид на улти-магија.
Интересот за Ворлокот е многу поголем одошто за играњето на Паладинот -што се однесува до новите класи, но сепак поголем дел од играчите се согласуваат дека Некромансерот е најдобар како мрачен волшебник што се бори против злото со „мрачни знаења од проколнати книги“ и воедно може да употребува дворак меч.
Тоа e така и затоа што во гејмерски термини Ворлокот е по-„squishy“(„лесно гине“) и треба нон стоп да се движи додека фрла магии, додека Некромансерот покрај тоа што е „најиконичен Хеви Метал лик“, е и најстабилниот „Тенк“ што може да поднесе голем демиџ без да се движи -за разлика од сите други ликови.
Меѓутоа Ворлокот може да би далеку побрз на Еndgame за „чистење Nightmare Dungeons“ и да прави повеќе директен демиџ за побрзо време, додека скоро и да нема пасивни скилови за дополнителни бонуси во неговите дрвја на таленти, ако се исклучат парагон нивоата кои доаѓаат како додатна прогресија на ликовите по достигнување максимален левел или таканаречен „level cap“.
За други актуелни сетови на скилови -билдови ви го препорачуваме вебсајтот наречен Icy Veins што е секојдневно аптејтиран со најдобрите новоизлезени комбинации на скилови и видови оклоп, оружје и накит -поставености за сите класи кои ги прават ликовите најмоќни што можат да бидат во даден период, сезона или целосно и долготрајно.
Најновата експазија на играта Diablo 4: Lord of Hatred може да се игра и на Steam каде се нудат и дополнителни Steam ачивменти (достигнувања во играта со називи и „сликички“), но ако се решите да ја купите ви препорачуваме да ја играте првичната верзија на Battle.net затоа што верзијата на Steam мора повторно да се купи од почеток и доколу веќе ја имате купено на платформата на Близард, не ви важи за на Steam.
Експазијата при „лансирањето“ има очекуван старт исто како што се случува и со играта World of Warcraft на Близард со секоја нова експанзија, односно серверите се преплавени од играчи првите неколку дена со неможност да се логирате во било кое време и долго се чека да се влезе во игра воопшто, освен ако не ви се посреќи за брзо логирање. Но овој фактор ќе трае највеќе недела дена до две недели. Потоа логирањето се очекува да се нормализира.
Ако имавте потешкотии да разберете дел од гејмерските термини во овој напис ви го препорачуваме следниот Водич за термини во RPG игри, каде сите гејмерски фрази се објаснети и толкувани детално што значат на македонски јазик.
