Излезе долгоочекуваниот спиноф на играта Елден Ринг „Најтрејн“

Интернетот драстично експлодира со видеа на YouTube околу Elden Ring Nightreign и експресно излегоа туторијали за отклучување на сите можни игриви карактери, стратегии за големи непријатели па дури и цели преигрувања од почеток до последниот непријател

Елден Ринг Најтрејн скриншот од Steam
Фото: Елден Ринг Најтрејн скриншот од Steam

Играта Најтрен којашто е спиноф од играта Елден Ринг официјално достапна на Стим за 40 евра. Се работи за екпериментален формат на co-op игра, каде тројца играчи ловат големи непријатели, а хероите кои ги играте се фиксни, и не можете да карактер уникатен карактер.

Во играта има тајм лимит од 20 до 40 минути додека „маглата“ како во играта „Фортнајт“ и други батл-ројал игри се стеснува во вид на обрач од син пламен кој ако го пречекорите веднаш умирате. Основната цел е да го совладате најглавниот непријател, задача што се покажа дека и не е така лесна. 

Интернетот драстично експлодира со видеа на YouTube околу Elden Ring Nightreign и експресно излегоа туторијали за отклучување на сите можни игриви карактери, стратегии за големи непријатели па дури и цели преигрувања од почеток до последниот непријател.

Но сепак играта испадна далеку потешка одошто се очекуваше и затоа моментално критиките на Steam каде котира како игра број еден во моментов се со ознака и оценка „mixed reviews“ (мешани мислења за играта).

За ова има три важни негативни фактори, тешкотијата на непријателите, групирањето за играње co-op со пријатели и репетитивноста на околините на стазите во кои се борите.

Иако е вид на страничен спиноф, а не сосема нова игра во Elden Ring серијалот како што беше експанзијата “Shadow of the Erdtree” во Elden Ring Nightreign играта се одвива во една главна зона што често знае и да прикаже препознатливи рециклирани околини од самата базична игра.

Со задачи градуално се појачувате за големите нерпијатели со правење задачи на трчаница да имате повеќе напитоци и различни бафови играчите се жалат дека околината и не се менува толку многу туку е истата стаза повторно и повторно. Самите големи непријатели – главни се истите босеви од Elden Ring но има и нови варијации дури и се борите со босеви од серијалот Dark Souls што го дефинира жанрот исто така ултра популарна игра од фирмата Fromsoft.

Босевите сега се потешки затоа што имаат и нови потези и скриптирањето на босевите е така програмирано да прават различни неочекувани потези – особено последниот непријател на крај од секоја етапа што трае „три дена во играта“. Што е фактор оваа игра да биде маркирана како „малку повеќе потешка“. 

Третиот фактор е групирањето – играта со тројца играчи е најдобро да се соберете група пријатели од вистински живот и да се посветите на прогресија во играта, затоа што PUG (Pick up Group) како и во многу други мрежни игри се покажува како поприлично лоша варијанта иако има опција и за такво групирање.

Тоа што ги одвраќа играчите кои влегуваат во играта соло е што ако еден од тројцата играчи во група напушти игра останувате двајца играчи да довршите – во сетинг кога играта е наменета да се игра со тројца и предизвиците со само двајца играчи се речиси невозможни да се завршат. Сепак Elden Ring Nightreign е долгоочекувана и пак е впечатлива игра за која има огромен интерес дека претставува вистински гејмерски предизвик за играње и најнова игра моментално во жанрот на Souls игрите. 

Ако имавте потешкотии да ги разберете гејмерските термини во овој напис ви препорачуваме да ги прочитате водичите за “кодираниот гејмерски јазик на новите генерации”, ова е водич за општи термини, следниот водич е токму за овој жанр на Соулс игри и овде е и третиот водич кој ја разработува темата општо за мрежно играње.