Филмот „Supergirl“ сместен во универзумот на Супермен и другите „DC“ суперхерои наиде на главно на негативна рецепција кај гледачите ширум светот и има оценка од 59% на сајтот„Rotten Tomatoes“.

Негативноста кон овој филм е особено присутна меѓу познавачите на темите што ги нуди оваа приказна. Сценариото е напишано од Ана Ногуеира, бивша актерка сега сценаристска која ја портретира „Supergirl“ од не толку популарната верзија и издание на стрипови за Supergirl, a дејството се одвива на друга планета.

„Supergirl“ е играта од актерката Емили Алкок во сосема друго светло, како во не толку читаниот ни познат стрип минисеријал наречен „Supergirl: The Woman of Tomorrow“, што има верзија како „панк-рок“ девојка што ја интересира само забава и оди на различни планети со Жолто Сонце на кое и се полни енергијата исто како на Супермен.

 

Тоа што овој блокбастер филм го прави генеричен е екстравагантната акција со насилство и експлозии и преголема употреба на таканаречените „one-liners“ во штурите дијалози.

Тоа е тренд што го наметнаа акциони филмови во осумдесетите и  деведесетите, како филмот „Die Hard“ што обично во лицето на огромна опасност хероите, не само што се смеат во лицето на смртта туку и испорачуваат „пркосни виц фрази“ кога се на милост и немилост на негативците или во замрсена насилна ситуација, нешто што во реален живот никогаш не би се случило надуено надвор од пропорција.

Појавувањето на Џејсон Момоа е позитивен „филер“ во филмот, но Момоа портретира лик сличен на негови претходни филмови. Додека самиот филм воопшто не содржи љубовна приказна. 

Ликот на Кара („Kara Zor El“) „Supergirl“  што според повеќето критичари недопадливо го игра ликот е лошо портретирана од главната глумица Емили Алкок. Направен за да може новите млади девојки да се идентификуваат со неа, но проблемот е што ставот „не ми е гајле за ништо, гледам само да си уживам и на никого не верувам“ е лош став за било кое човечко суштество. Но покрај тоа што оваа ароганција на „Gen Z“ генерациите е неадекватна филмов може само да ја појача, со лош егоцентричен став. Писателката Ана Ногуеира најмена за филмов којшто е милионски блокбастер има само еден филм зад себе во 2018-во целото нејзино потрфолио и целиот свет се чуди зошто е токму таа одбрана за да го напише сценариото.  

Сепак се работи за филм поврзан со Супермен. А генерациите што како деца во осумдесетите и деведесетите имаа само два телевизиски суперхероја додека растеа, а тоа беа буквално само Superman и „Supergirl“. Немаа цела палета на суперхерои во формат на игран филм како генерациите растени со филмовите Авенџерс и многуте индивидуални суперхеројски филмови од таа франшиза и други франшизи воедно. MСепак овој филм од носталгија ќе ги привлече и повозрасните генерации да го изгледаат и веројатно да се фокусираат на позитивните страни на филмот, од кои најсветла е грижата за кучето Крипто.