Излегувањето на Британија од ЕУ одложено до 31 јануари 2020 година

-

Земјите – членки на ЕУ денеска се согласија да го одложат Брегзитот за три месеци, односно до 31 јануари 2020 година. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на својот профил на „Твитер“ потврди дека европските лидери се согласиле да го одложат излегувањето на Велика Британија од ЕУ до крајот на јануари.

Продолжувањето на рокот за успешна реализација на Брегзитот значи дека Велика Британија може и порано да излезе од ЕУ, доколку пратениците од британскиот парламент успеат да се договорат и да го изгласаат договорот што веќе беше постигнат со ЕУ околу ова прашање.

Во Декларацијата на ЕУ, со која се надополнува договорот со Велика Британија, се наведува дека Европската Унија нема повеќе да седнува на преговарачка маса со оваа земја во однос на договорот за Брегзит.

Наспроти ова, британските парламентарци треба денеска да се изјаснат по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата.

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...