fbpx

Изјавата на Трамп за НАТО е загрижувачка, смета Штајнмаер

-

НАТО е загрижена поради изјавата на новиот американски претседател Доналд Трамп кој Северноатлантската алијанса ја нарече застарена, изјави шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер.

– Изјавата на избраниот претседател Трамп, кој НАТО ја смета за застарена, е дочекана со загриженост – изјави Штајнмаер по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и со другите колеги од ЕУ, во Брисел.

Доналд Трамп, кој в петок треба официјално да ја преземе должноста, за германскиот весник „Билд“ и за британскиот „Тајмс“ рече дека НАТО е „застарена организација“.

– Изјавата е во спротивност со тоа што идниот американски министер за одбрана пред само неколку дена го изјави на сослушувањето во Вашингтон – истакна Штајнмаер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...