fbpx

Изградени пешачка патека и летниковци кај Слатинско Езеро

-

Пешачка патека од камени плочи, долга 160 метри, паркинг простор, три летниковци и пикник-маси се новата содржина со која е облагородена околината на Слатинско Езеро, и се овозможени подобри услови за туристички посети.

Зафатот е извршен во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а со финансии од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и општина Дебрца.

За целосно ставање во употреба на овој воден ресурс потребно е чистење на дното на езерото од бујната вегетација, што е обврска на АД “Водостопанство на Македонија”, кое стопанисува со објектот.

По завршувањето на новата брана, пред два месеци се појави недостаток,односно истекување на водата од езерото на едно место од телото на браната, и се очекува изведувачот на градежните работи да го санира проблемот.

Слатинското Езеро како хидрографски објект е многу значајно за општина Дебрца и како воден ресурс и како потенцијална туристичка дестинација за риболовен и рекреативен туризам.

Како најзаинтересирани за оддржливо користење на Слатинското Езеро, од Општина Дебрца ќе продолжат со барањата, во процесот на децентрализацијата надлежностите над ваквите хидрографски објекти од локално значење да се пренесат на локалната самоуправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...