Изградбата на пречистителната станица чека одобрение за градба, Град Скопје вели издадена е во март

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на населбата Трубарево, а со неа ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води од Скопје

-

Стартот на изградбата на долгоочекуваната пречистителна станица за отпадни води во Скопје го чека одобрението за градба. Од Министерството за животна средина велат дека во моментов на терен изведувачот, германската ВТЕ и подизведувачот, македонскиот Жикол, ги завршуваат подготвителните работи, додека се очекува да биде изготвено одобрението за градба, за да можат да стартуваат градежните работи.

Од Министерството посочуваат дека се задоволни од динамиката на активностите врзани за пречистителната станица за отпадни води во последниот период, со оглед на тоа дека овој капитален проект беше во застој во изминатите години, заглавен во административни процедури, доцнење со дозволи, изработка на планови и други бариери.

„Во моментот на терен се работи на подготвителните работи од страна на изведувачот. Во тек на април се очекува и издавање на дозвола за градба од страна на Град Скопје, со што на терен ќе може да се започне со конкретни инфраструктурни активности во рамките на проектот“, велат од Министерството.

Од Градот Скопје, пак, велат дека одобреноето е готово и издадено уште на почетокот на март. Од таму посочуваат дека документација е дадена на лиценцирана фирма која, по налог на изведувачот ВТЕ, аплицирала и побарала такво одобрение од градските власти.

„Според постапката за одобрение за градење од Законот за градење, инвеститорот доставува барање со документација преку електронскиот систем е-одобрение, која согласно договорот се проектира и изведува согласно жолт фидик. Барањето е одговорност на изведувачите ВТЕ, односно проектанско лиценцирано правно лице го аплицира по налог на изведувачот. Одобрението за градење е издадено по доставената документација на лиценцираното правно лице на почетокот на месец март“, информираат од Градот Скопје.

Изградбата на скопската пречистителна станица треба да трае три години, а во следните две објектот ќе биде во пробна работа. Целата инвестиција изнесува 190 милиони евра, финансирани од две меѓународни банки, ЕИБ и ЕБРД и грант од 70 милиони евра од Фондот за инвестиции во Западен Балкан WBIF.

Првичниот краен рок за завршување на изградбата на овој капитален објект беше 2026 година, а тендерот за изградба беше отпочнат во летото 2020 година, но го следеа бројни застои и одолговлекувања, обвинувања, смени на директори, што предизвика и одложување на почетокот на градежните работи на терен.

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на населбата Трубарево, а со неа ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води од Скопје. Објектот ќе има капацитет да ги задоволи потребите на 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, со што ќе се подобри и хемискиот и бактериолошкиот квалитет на речните води на Вардар.

Во моментов, фекалиите на жителите од главниот град се испуштаат како непречистени директно во реката Вардар, а помали пречистителни станици за отпадни води се изградени во Сарај за реката Треска и во Ново Село за реката Лепенец, преку кои треба да се врши третман на отпадните води од населените места кои гравитираат околу овие реки.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...