fbpx

Изготвена студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато

-

Општина Охрид ја изготви Студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје.

Студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, информираат од локалната самоуправа во Охрид.

Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за биологија на Природно – математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.

Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност која ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко систем на Охридскиот регион. Исто така, посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...