fbpx

Изгоре канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“

-

Пожар избувнал утрово околу 9 часот во студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската населба Кисела Вода. По извршениот увид, од МВР потврдуваат дека две лица фрлиле запалива течност во канцеларијата на директорот на студентскиот дом, по што настанал пожар.

„На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар. Повредени лица до моментот на пријавувањето нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување“, информираат од МВР.

Директорот Агим Фејзулаху, видно вознемирен од случката, за Мета.мк информира дека пожарот настанал во неговата канцеларија и потенцира дека пламените јазици не зафатиле студентски соби или други простории.

„Јас бев на работа, но во моментот кога избувна пожар, бев надвор од канцеларијата. Немаше вклучени електрични апарати или нешто слично. Не ја исклучувам можноста пожарот да е подметнат. Речиси целата канцеларија е уништена“, ни рече директорот Фејзулаху.

Тој нагласи дека студентите се сосема безбедни.

„За среќа во никој случај не е загрозена безбедноста на студентите“, додаде тој.

Дел од студентите сместени во овој студентски дом за Мета.мк велат дека утрово слушнале мала експлозија, по што пред домот пристигнале полициски и противпожарни возила.

„Околу 9:30 само слушнавме како пука нешто и веднаш дојде пожарна и полиција. Не знаеме што точно се случило“, вели студент.

Друг станар во домот рече дека додека бил во собата, чул гласно удирање по ѕидовите.

„По кусо време се слушнаа пискотници и трчање, а од прозорецот можеше да се види црн чад, а некои од нас студентите бевме евакуирани“, рече тој.

На фотографиите и видеата се гледаат искршени прозорци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...