Изгласана недоверба на црногорската влада на премиерот Кривокапиќ

-

Црногорскиот парламент ја изгласа недовербата на владата предводена од Здравко Кривокапиќ, откако претходно вицепремиерот и коалицискиот партнер, Дритан Абазовиќ му ја скрати поддршката за време на големи политички тензии, јавува Ал Џезира Балканс.

Парламентот се состои од 81 пратеник од кои на вчерашната седница гласаа 54, 43 за недовреба на владата и 11 против нејзиното менување, пратениците од помалите партии, Дмекоратска Црна Гора, Права Црна Гора и Обединета Црна Гора што во широкиот сојуз ги предводеше Кривокапиќ на изборите минатата година.

Одлуката беше донесена по иницијативата на коалицијата „Црно на бело“, составена од „УРА“ и „Цивис“ што побараа за 4 февруари парламентот да гласа за недоверба на црногорската влада. Обединетата реформска акција (УРА) на чело со Дритан Абазовиќ што беше дел и ја напишти владината коалиција по што Кривокапиќ побара на 3 февруари да се гласа за разрешување на вицепремиерот Абазовиќ. Парламентот гласаше против со 20 гласови наспроти 11 кои сакаа тој да биде разрешен, а 46 останаа воздржани.

Потпретседателот на „УРА“, Милош Контар по изгласувањето на недовербата на Кривокапиќ рекол дека во сабота ќе започнат консултации за формирање на нова влада.“, пренесува сервисот на Би-би-си на српски јазик.

Абазовиќ нагласил дека владата го завршила својот политички мандат во политичките околности што наведувале кон тоа дека „можеби не можело на тој начин да се продолжи понатаму“. Тој додал дека преговорите за нова влада се водат со актуелното парламнетарно мнозинство.

„Целта е Црна Гора да излезе од оваа блокада, а доколку не успееме тоа да го решиме, формирањето на нова влада ќе оди преку избори.“, изјавил Абазовиќ.

Владата на Здравко Кривокапиќ беше изгласана на 4 декември 2020 и издржа само 14 месеци. Тој и Абазовиќ веќе подолг период имаа спротивставени позиции по значајни прашања за натамошниот развој на Црна Гора. По јавното излагање на претседателот на водечката опозициска партија, Мило Ѓукановиќ на 3 февруари дека партијата ќе гласа за недовреба на владата и движењето „УРА“ предводено од Абазовиќ кое сметаше дека менувањето на владата е неопходно, самиот Кривокапиќ изјави дека е свесен за промената од функцијата.

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи известува дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес...