fbpx

Изгасени сите пожари во Израел, повредени 180 лица

-

Изгасени се сите пожари кои од вторникот гореа во Израел и за време на викендот се проширија на Западното Крајбрежје, принудувајќи десетина илјади луѓе да се евакуираат.

– Нема повеќе активни места. Од минатата ноќ е прилично мирно, немаме веќе повици – изјави портпаролот на израелската служба за спасување, Јорам Леви.

Пожарите кои брзо се ширеа поради екстремната суша и ветровите, уништиja повеќе од 13.000 хектари шума, наведе израелската управа за природа и паркови. Тоа е 30 проценти повеќе од штетата која ја нанесе големиот пожар во регионот Кармел на северот на Израел во 2010 година, кога загинаа 44 лица.

Во пожарите оваа недела повредени биле 180 лица.

Од Хаифа, третиот по големина град во Израел, во четвртокот евакуирани се десетици илјади луѓе. Тие бегаа од пламените високи неколку метри, а со пожарот зафатени беа 1.784 станбени единици од кои 572 се целосно уништени.

Штетата која е нанесена на овој град се проценува на 120 милиони долари.

Во гаснењето на пожарот учествувале 2.500 пожарникари, како и 21 израелски и странски авиони од Турција, Грција, Хрватска, Русија, Канада, Франција, Шпанија и Азербејџан како и американски супертанкер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...