Изет Меџити на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Одеса: Силен став против руската агресија и поддршка за Украина

Вицепремиерот Меџити учествуваше на самитот во Одеса посветен на поддршката за Украина и регионалната безбедност. Тој ја реафирмираше позицијата на Северна Македонија против руската агресија и за мир во Европа, На последниот ваков Самит во Дубровник учествуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски

-

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на самитот „Украина – Југоисточна Европа“, кој се одржа во Одеса, Украина. Настанот, отворен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, е дел од серија средби чија цел е јакнење на регионалната соработка и поддршка за Украина.

Самитот следи по претходните слични состаноци во Атина, Тирана и Дубровник и собра високи владини претставници од земјите на Југоисточна Европа. Главната фокусна точка беше заедничката заложба за безбедност, стабилност и солидарност со Украина во услови на воена агресија.

Во своето обраќање, вицепремиерот Меџити изрази благодарност за гостопримството на украинските власти и ја нагласи поддршката на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Обединети сме пред предизвиците кои го загрозуваат мирот, безбедноста и меѓународниот поредок. Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната“, рече Меџити.

Тој ја потенцираше и заложбата на Северна Македонија за продлабочување на регионалната соработка и градење на безбедна, мирољубива и демократска Европа.

На самитот во Дубровник во октомври минатата година учествуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...