fbpx

Изедначена е борбата за Сенатот, републиканците водат со мала предност на изборите за Претставничкиот дом

-

Републиканците се приближија до обезбедувањето мнозинство во Претставничкиот дом на САД, додека досегашните резултати за трката за Сенатот се изедначени со по 48 освоени места. Пресудни ќе бидат резултатите од изборите во три сојузни држави – Џорџија, Невада и Аризона, пренесе Би-би-си.

Досегашниот сенатор од државата Џорџија, демократот Рафаел Ворнок и републиканскиот противкандидат Хершел Вокер ќе се соочат во вториот круг од Сенатот на 6 декември, бидејќи ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство во првиот круг.

Гласачите во Америка избраа 435 членови на Долниот дом на Конгресот и 34 од 100 членови на Сенатот. Што се однесува до борбата за Претставничкиот дом, републиканците во моментов имаат 210, а демократите 192 места.

Изборните комисии низ САД сè уште ги проверуваат гласовите и како што се случи на последните избори во 2020 година, конечните резултати би можеле да бидат готови за неколку денови, а во одредени држави и за неколку недели.

Безбедносните служби во Аризона и Невада се во состојба на висока готовност за можни постизборни протести и наводи за измама на гласачите додека се подготвуваат за повеќедневно броење на гласовите, што ќе ги одреди конечните резултати од клучните трки за гувернери и за Сенатот, објави Ројтерс.

Стотици илјади гласови остануваат неизброени во тие сојузни држави, кои ќе одлучат дали Демократската партија на претседателот Џо Бајден ќе ја изгуби контролата врз Сенатот.

Изборните претставници во округот Марикопа, најнаселениот округ во Аризона, рекоа дека броењето на гласовите може да потрае до петок.

И покрај стравувањата од насилство и заплашување на гласачите неколку недели пред изборите во вторникот, официјалните лица рекоа дека изборите поминале без проблеми во двете држави и дека зголеменото присуство на органите за спроведување на законот се исплатело.

Шерифот на округот Марикопа, Пол Пензоне, изјави за Ројтерс дека неговата станица распоредила хеликоптери, беспилотни летала, полицајци на коњи и ги надгледувала луѓето што ги сметала за потенцијално проблематични на социјалните мрежи во неделата пред изборите.

Тој додаде дека остануваат во состојба на готовност и дека се поставени огради и барикади околу избирачките места за да се спречат демонстрантите да навлезат.

„Ги презедовме сите соодветни мерки. Знаеме како изгледаат граѓанските немири и колку масовни може да бидат“, рече Пензоне.

Околу 400.000 гласови сè уште не се изброени во округот Марикопа, соопштија изборните претставници.

Трката за гувернер и Сенат останува неизвесна со изброени околу 70 отсто од гласовите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...