Избувнаа протести пред парламентот во Грузија поради прекин на преговорите за членство во Европската Унија

Илјади луѓе, веќе три дена протестираат на улиците во главниот град на Грузија, Тбилиси. Протестот и избувнувањето пред парламентот се случува по приведувањето на десетици демонстранти од страна на полицијата

-

Избувнаа насилни судири пред парламентот на Грузија помеѓу полицијата и демонстрантите кои протестирале против одлуката на владата да го одложи започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, во контекст на постизборна криза, пренесува Гласот на Америка.

Илјади луѓе, веќе три дена протестираат на улиците во главниот град на Грузија, Тбилиси. Протестот и избувнувањето пред парламентот се случува по приведувањето на десетици демонстранти од страна на полицијата.

Црноморската земја е потресена со немири откако демократската партија „Грузиски Сон“ прогласи победа на парламентарните избори одржани на 26 октомври. Опозициската партија, која е проевропска, ги смета изборите за фалсификувани.

Полицијата на протестите се спротивставила кон демонстрантите со испукување на гумени куршуми, солзавци и користење водени топови, додека се обидувале да ги запрат демонстрантите, кои фрлале огномети, а од прозорците на парламентот биле видени и молотови коктели.

„Стравувам дека многу луѓе ќе бидат повредени, но не се плашам да стојам тука,“ изјави 39-годишната Тамар Гелашвили за Агенцијата Франс прес.

Протести биле пријавени и во неколку други градови низ Грузија.

„Постапките на некои лица присутни на протестот станаа насилни веднаш по почетокот на протестите. Полицијата ќе реагира соодветно и во согласност со законот при секој прекршок“, изјави министерството за внатрешни работи на Грузија.

Изјавата од премиерот Иракли Кобахидзе дека Грузија нема да започне преговори за членство во ЕУ до 2028 година предизвика бурна реакција од опозицијата.

Критичарите ја обвинуваат партијата, која владее повеќе од една деценија, дека ја оддалечила земјата од ЕУ во последните години, и дека се приближиле повеќе кон Русија, што партијата го негира.

Стотици јавни службеници, вклучително и од министерствата за надворешни работи, одбрана и образование, како и неколку судии, издадоа заеднички изјави протестирајќи против одлуката на Кобахидзе.

Неколку грузиски амбасадори поднесоа оставки во протест.

Специјалната служба за истраги на Грузија соопшти дека отворила истрага за „обвинувања за злоупотреба на официјалната власт преку насилство од страна на органите на редот против демонстрантите и медиумските претставници.“

Повеќе од 100 училишта и универзитети ја прекинаа академската дејност во знак на протест.

Про-Западните опозициски партии го бојкотираат новиот парламент, додека претседателката Саломе Зурабишвили, која е во конфликт со Грузиски сонце, се обидува да ги поништи резултатите од изборите преку уставниот суд на земјата.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...