Избувнал пожар во старскиот дом во Кавадаречко Чемерско каде што навремено биле извлечени 30 лица, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес (РЦУК Велес).
Оттаму велат дека на терен интеервенираат 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. Исто така во терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски коли со 8 полицајци. Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со 2 мини возила (минибуси).
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јачев во изјава за МИА изјави дека најважно е што навремено биле евакуирани сите лица, и тоа што во пожарот нема жртви.
„Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила. Лицата што престојуваа во домот ќе се транспортираат до Општатата болница во Кавадарци, од каде нивните семејствата на ќе можат да ги преземат“, изјави Јанчев.