Избришан графитот „Мртов Шиптар“ на ѕидот пред Уставниот суд

Оваа практика на брза реакција од страна на институциите треба да се поздрави и да се повтори и во иднина, пишува Порталб.мк

-

По пријавувањето од Порталб.мк избришан е графитот со говор на омраза на етничка основа на кој пишуваше „Мртов Шиптар“

Овој натпис што поттикнува насилство беше напишан на ѕидот од зградата пред Уставниот суд на Северна Македонија во Скопје. За овој проблем од Уставниот суд изјавија рекоа дека ќе пријават до надлежните институции, иако натписот не е нивна сопственост.

Оваа практика на брза реакција од страна на институциите треба да се поздрави и да се повтори и во иднина.

Графитот со говор на омраза на зградата пред Уставниот суд во Скопје. Фото: Порталб.мк

Потсетуваме дека за овој случај и Порталб.мк  пријави до Министерството за внатрешни работи.

Фото: Порталб.мк

Инаку во Скопје има многу графити кои содржат говор на омраза, дискриминација, нетрпеливост и други натписи со штетна позадина. Ваквите натписи се закана за мирот, стабилноста и соживотот на граѓаните.

Говорот на омраза е казниво дело

Законот за заштита и спречување од дискриминација забранува поттикнување на дискриминација и вознемирување врз дискриминаторска основа.

Во Кривичниот законик се наведени неколку кривични дела мотивирани од говор на омраза, вклучително и оние извршени преку Интернет.

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува емитување на медиумски содржини кои поттикнуваат или промовираат дискриминација, нетолеранција или омраза.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...