Избран нов градоначалник на Нови Сад – протести и судири со полицијата

Миќин никогаш нема да може да одржи седница на Градското собрание на Нови Сад без полициска заштита, а можеби и без криминалците кои тој ги претставува заедно со Милош Вучевиќ. Со изборот на Миќин, граѓаните на Нови Сад не добија ништо, а градот доби голема срамота

-

Жељко Миќин е избран за градоначалник на Нови Сад на седницата на Градското собрание. Oпозиционите советници тврдат дека им било оневозможено да влезат во објектот и да присуствуваат на седницата, што беше демантирано од претседателката на српското собрание и Министерството за внатрешни работи на Србија. Граѓаните фрлаа јајца кон полицијата, а советниците се обидоа да го пробијат кордонот пред влезот.

Од зградата на градското собрание излегоа голем број полицајци, кои беа внатре од рано наутро, и го расчистија плоштадот пред Собранието на Нови Сад додека внатре се одржуваше седницата.

Седницата за избор на градоначалник на Нови Сад беше закажана за 10 часот наутро. Полицијата со опрема за разбивање демонстрации, штитови, кациги и полициски кучиња пристигна порано со автобуси и бројни полициски комбиња и автомобили

Ѓураѓ Јакшиќ повторно е избран за заменик-градоначалник на Нови Сад на седницата на градското собрание, која се одржа без присуство на опозицијата. Членот на Српската напредна странка (СНС), Жарко Миќин, кој беше предложен кон крајот на февруари за нов градоначалник на Нови Сад, е избран за прв човек на градот.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, му честиташе на Жарко Миќин за изборот и оцени дека опозицијата „повторно покажа дека нивната единствена политика е насилство, а единствената идеологија омраза“ и дека „повеќе личат на терористи отколку на политичари“.

Потпретседателот на Демократската партија (ДС), Небојша Новаковиќ, денеска изјави дека со изборот на Жарко Миќин за градоначалник, граѓаните не добиле ништо, а власта „добила човек по мерка“.

Новаковиќ за агенцијата Бета изјави дека Миќин можел да биде избран за градоначалник само со полициска заштита од „бесни и незадоволни“ граѓани.

„Миќин никогаш нема да може да одржи седница на Градското собрание на Нови Сад без полициска заштита, а можеби и без криминалците кои тој ги претставува заедно со Милош Вучевиќ. Со изборот на Миќин, граѓаните на Нови Сад не добија ништо, а градот доби голема срамота. Истовремено, криминалците ја добија својата власт за да можат да продолжат да крадат“, оцени Новаковиќ.

ИзворН1

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...