Изборот на Трамп за нов секретар за одбрана на САД покрена многу прашања во Пентагон

Веста предизвика голема загриженост кај многумина во Вашингтон, бидејќи Трамп не избра некој поискусен да ја води националната безбедност, туку капетан на Националната гарда кој е најпознат во конзервативните кругови како ко-водител на емисијта „Викенд на Фокс и пријателите

-

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за нов секретар за одбрана го избра водителот од Фокс њуз, Пит Хегсет. Ова доведе до многу прашања во Пентагон за тоа како ќе се покаже водителот на таа функција.

Веста предизвика голема загриженост кај многумина во Вашингтон, бидејќи Трамп не избра некој поискусен да ја води националната безбедност, туку капетан на Националната гарда кој е најпознат во конзервативните кругови како ко-водител на емисијта „Викенд на Фокс и пријателите.”

Додека некои републикански пратеници не сакаа да го коментираат изборот, голем дел го посочија неговото воено искуство како предност и посочија дека е „извонредно способен“.

Изборот може да донесе големи промени во војската. Тој во своето шоу и во интервјуата гласно изјавуваше, како и Трамп, дека е против промовирање еднаквост. Често ја доведуваше во прашање улогата на жените и се залагаше за помилување на членовите на службата обвинети за воени злосторства.

Во јуни, на митинг во Лас Вегас, Трамп ги охрабри своите поддржувачи да ја купат книгата на Хегсет и изјави дека ако тој ја добие претседателската функција, „Прогресивните работи ќе исчезнат во период од 24 часа. Тоа ви го гарантирам!.”

Хегсет, упорен конзервативец кој ги прифаќа политиките на Трамп, се залагаше да ја направи војската посмртоносна. За време на интервјуто за подкастот „Рајан Шоу“, тој изјави дека дозволувањето на жените да служат во борба го повредува тој напор.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...