fbpx

Изборниот систем останува извор на криза во Северна Македонија

-

Со последните измени на Изборниот законик од февруари 2020 г. направени се извесни подобрувања пред сè во регистрацијата на избирачите, во процедурите за гласање и во проширување и прецизирање на надлежностите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), врз контролата на финансиите.

Но, сепак, изборниот модел остана со шест изборни единици (во земјата) и со пропорционално собирање на резултатите, фаворизирајќи ги само големите партии, што ја намалува партиципативноста на граѓаните и циклично предизвикува политички кризи.

Ова е главниот наод од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“ спроведено во текот на мај 2020, во рамките на регионалниот проект во кој се согледува степенот на напредокот на земјата во однос на пет клучни области за пристапување кон ЕУ – изборен систем, администрација, борба против организиран криминал и корупција, правосудство и состојбите во медиумскиот сектор.

Голем дел од препораките на нашите експерти од минатогодишното истражување остануваат во сила, особено за промена на изборниот модел, за изготвување целосно нов Изборен законик, за подобрување на Избирачкиот список, за исклучување или моделирање на системот на буџетско финансирање на изборните кампањи во медиумите и други.

Дополнително, организирање на избори во услови на пандемија, т.е епидемија со корона вирусот, бара многу посериозен пристап, со сите обмислени детали, за да се избегне опасноста по гласачите и другите учесници во изборниот процес.

Истражувањето што е пред вас, е изготвено согласно достапните податоци до крајот на мај 2020 година. Тоа е спроведено во рамки на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...