fbpx

Изборната кампања завршува утре, ДЗР ги потсетува учесниците до сабота да достават финансиски извештаи

-

Изборната кампања за локалните избори 2021 година завршува утре, а Државниот завод за ревизија ги потсетува учесниците во кампањата дека до сабота (16 октомври) треба да достават финансиски извештаи за примените донации.

Како што објави ДЗР, партиите и останатите учесници на изборите се должни на ден 16 октомври 2021 година еден ден по завршување на изборната кампања да достават Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, согласно Изборниот законик.

„За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 16 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР [email protected]“, велат од заводот.

Оттаму укажуваат дека треба да го користат образецот пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања.

„Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници“, велат од заводот за ревизија и додаваат дека правилникот е објавен и на официјалната веб-страница на Државниот завод за ревизија на следниот линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...