fbpx

Изборите во северно Косово завршија со мала излезност на Србите, одговорноста е на Белград

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ се закани дека никогаш нема да дозволат на оние што освоиле еден или два отсто гласови на избори да ги водат општините

-

Со минорна излезност од само 3,47 отсто завршија вчерашните локални избори во четирите српски општини во северно Косово. На изборите победија кандидати на албанските политички партии, при што во Косовска Митровица и Лепосавиќ победија кандидатите на партијата Самоопределување, додека во Зубин Поток и Звечан најмногу гласови освоија кандидатите на Демократската партија на Косово.

Српската листа ги бојкотираше вчерашните локални избори во северно Косово, а главната поддршка за ваквиот чекор ја добија од српското раководство во Белград. Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ се закани дека никогаш нема да дозволат на оние што освоиле еден или два отсто гласови на избори да ги водат општините на северот на Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти посочи дека во северно Косово имало атмосфера на застрашување и уцени од Белград, кои влијаеле на учеството на граѓаните на вчерашните локални избори, пренесува Радио-телевизија Косово.

„Бојкотот е наметнат со заканувачката кампања на официјален Белград и неговото криминално оружје на теренот на северот. Им се заблагодарувам на граѓаните за храброста и смиреноста“, порача премиерот Курти.

Српскиот аналитичар Душан Јањиќ во изјава за весникот Данас вели дека од последиците по бојкотот на изборите во северно Косово може да биде задоволен единствено рускиот претседател Владимир Путин. Јањиќ прашува дали има нешто што го ветил српскиот претседател Александар Вучиќ, а не е реализирано кон САД.

Јањиќ вели дека косовските власти немаат што друго да направат, освен да пробаат да го воспостават новото раководство во општините во северно Косово. Сепак, ќе биде исклучително тешко да се воспостави власт, а под знак прашање е како ќе се решаваат предметите кои се од големо значење за граѓаните во овој дел од Косово.

Според него, доколку официјален Белград се вклучи со финансиска помош кон српската заедница во северно Косово, постои можност да се обнови паралелизмот на институциите кој постоел и во минатото.

Српскиот аналитичар Јањиќ додава дека можеби има нешто труло во комуникацијата меѓу официјален Вашингтон и српскиот претседател Александар Вучиќ, а тоа може да биде многу опасно не само за Србија, туку и за Западниот Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...