Резултатите од ветувањата во јуни 2017 година на Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека ќе има реконструкција во администрацијата нема да ги видиме во овој мандат на владата. Според министерот, реформите се попречени од изборите на 12 април, односно од мораториумот за активности од овој тип пропишан од Изборниот законик, пишува „Порталб.мк.

– Нема да има отпуштања од државната администрација, туку ќе има реконструкција за поголема ефикасност – изјави Манчевски на 11 јуни 2017 година, кога ги најави реформите во администрацијата, меѓутоа, сега вели дека ветените резултати ќе се видат по изборите и покрај тоа што има изјавено дека „граѓаните ќе може да ги видат реформите до крајот на 2019 година“.

Пред еден месец Манчевски за Порталб.мк, изјави дека првите трансфери на вработени од јавниот сектор во приватниот сектор, што е дел од реформите насочени кон оптимизирање и зголемување на ефикасноста на администрацијата, се очекува да се случат по изборите на 12 април.

– Поради предизборниот период, трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор нема да се случи. Секое движење во јавниот сектор е забрането од денот на распишување на изборите, односно од 12 февруари. Ова го правиме веќе подолго време и ова е проект за кој мора да имаме не само политички, туку и социјален консензус. Никој не треба да се плаши од тоа бидејќи никој нема да биде оштетен од оваа работа – рече Манчевски.

Тој вели дека по изборите ќе се реализира и проектот за реорганизација на институциите.

– За да се смени нешто во која било институција, односно да се спои, укине или да се основа нешто ново, треба да се измени и дополни Законот за организирање на тела во државната управа, кој се донесува со двотретинско мнозинство, а потоа ќе се усогласат и поедините закони – потсети Манчевски.

Проблем на јавната администрација е и големиот број институции. Македонија има вкупно 1.299 државни институции, број што се смета за превисок и ја чини многу државните каса. Најавите од власта се дека ќе се намали бројот на институциите, преку елиминација на институции кои немаат вработени, но и преку спојување на институции кои имаат слични или исти надлежности.

Од друга страна, иако се очекуваше дека паралелно со реформите во јавната администрација, според препораките не експретите, ќе се намали бројот на вработените во јавниот сектор, сепак официјалните бројки покажуваат дека тој број е зголемен. Властите се правдаат дека вработувањата биле неопходни. Бројот на вработени во јавниот сектор до 31 декември 2018 година е 132.068  распределени во 1.314 институции.

Реформите во администрацијата се еден од клучните услови за Северна Македонија во разговорите што се очекува да започнат наскоро со ЕУ.

Порталб.мк го потсетува министерот Манчевски, кој вели дека „рацете му се врзани“ поради изборите, дека нема конкретни резултати во поглед на департизацијата на администрацијата, зголемување на ефикасноста… Бројот на вработени дури е зголемен, бројот на институции останал ист, вработувањето продолжува да спроведува на стариот начин, услугите се исти, платите не се израмнети, ниту пак е разговарано за основање на академија за администрација.