Избори во САД: Доналд Трамп е на чекор да се врати во Белата куќа

Човекот кој го поттикна смртоносниот напад во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, заработувајќи и преживувајќи втор импичмент; човекот кој годинава беше осуден по 34 кривични основи; човекот кој се соочува со повеќе други кривични обвиненија и кому му е наредено да плати милиони долари во повеќе граѓански тужби, вклучително и една за силување; човекот што високите воени помошници го нарекоа фашист и опасност за републиката, се подготвува повторно да се упати кон Белата куќа

-

Откако забележа низа победи во клучните држави, Доналд Трамп е на чекор да се врати во Белата куќа по значајните претседателски избори во САД кои се одржаа вчера.

Републиканскиот кандидат изненадувачки рано ги доби гласовите во Северна Каролина, првата држава на бојното поле, а подоцна ги доби и Џорџија и Пенсилванија. Тој е силно позициониран и во Аризона и во Невада, другите клучни држави.

Трамп самиот се прогласи за победник во своето обраќање пред симпатизерите во Флорида. Обраќањето, како што пренесоа повеќе светски медиуми, се случи при 267 (од потребните 270) електорски гласови за Трамп, наспрема 214 освоени електорски гласови за демократската кандидатка Камала Харис.

Во овој момент, Трамп се задржа на освоените 267 електорски гласови, додека Харис има 224.

„Фокс њуз“ веќе го именуваше Трамп за новоизбран претседател, додека останатите медиуми и новинарски организации, меѓу кои и Асошиејтед Прес, сè уште не го прогласија Трамп за победник.

„Човекот кој го поттикна смртоносниот напад во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, заработувајќи и преживувајќи втор импичмент; човекот кој годинава беше осуден по 34 кривични основи; човекот кој се соочува со повеќе други кривични обвиненија и кому му е наредено да плати милиони долари во повеќе граѓански тужби, вклучително и една за силување; човекот што високите воени помошници го нарекоа фашист и опасност за републиката, се подготвува повторно да се упати кон Белата куќа“, пишува Гардијан.

На сцената во Вест Палм Бич, прогласувајќи победа, Трамп вети дека ќе донесе „златно доба“ во САД.

„Ова беше движење какво што никој досега не видел и, искрено, верувам дека ова беше најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво нешто во оваа земја, а можеби и пошироко“, рече Трамп.

„Ќе ѝ помогнеме на нашата земја. Имаме земја на која ѝ треба помош и многу ѝ треба помош. Ќе ги поправиме нашите граници. Ќе поправиме сè за нашата земја. И вечерва направивме историја со причина, а причината ќе биде само тоа што ги надминавме пречките за кои никој не мислеше дека е можно и сега е јасно дека го постигнавме најневеројатното политичко нешто“, кажа Доналд Трамп.

Тој ја поздрави својата сопруга Меланија, неговото семејство и потпретседателот Џ.Д. Венс, кој вети „најголемо економско враќање во американската историја под водство на Доналд Трамп“.

Републиканците повторно освоија мнозинвство и во американскиот Сенат, пренесоа американските медиуми. Републиканската партија ја врати контролата откако стана јасно дека демократите го загубија мнозинството во горниот дом на Конгресот кој брои 100 членови.

Републиканците добија две места во Сенатот, откако бизнисменот поддржан од Трамп, Берни Морено, го порази демократскиот сенатор Шерод Браун во Охајо, а лојалистот на Трамп, Џим Џастис, го освои местото кое некогаш го држеше Џо Манчин во Западна Вирџинија.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...