Избрани уметнички дела, изработени изминативе години од учесници на ликовната колонија „Вевчански видувања“, од 7 до 20 април ќе бидат изложени во галеријата „MC“ во Њујорк, САД.
Изложбата насловена како „Balkan in the raw“ ја организираат ликовната колонија „Вевчански видувања“, галаеријата „М“ од Белград, Србија и галеријата „MC“ од Њујорк.
Генерален покровител на изложбата е ресторанот „Виа Игнација“ од Вевчани, каде се одржува колонијата, со поддршка на Министертсвото за култура на Република Македонија.
Ликовната колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 2010 година и досега учествувале десетици познати уметници од земјава и од светот.