fbpx

Иванов: Во името на хероите на минатото и на иднината, да се помириме и да се сплотиме

-

Славејќи го денот на шестемина основоположници на идејата за слободна, суверена и демократска Македонија, ние се потсетуваме на суштината на овој светол празник, a тоа е дека само кога сме сплотени – победуваме, а кога сме поделени – назадуваме, се вели во честитката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод денешниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Денеска, на 23 Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестмина Македонци сплотени ја создадоа првата семакедонска организација која ги даде основните насоки за создавање слободна, независна и суверена македонска држава. Нивната мисија го обедини народот на Македонија, независно од етничката, верската или јазичната припадност во заедничката борба за слобода, државност и независност. Патот до слободата што го почнаа шестемина родољуби, го продолжија нашите комити и партизани, нашите илинденци и борци во Народноослободителната и антифашистичка борба. Пред 25 години, на 8 Септември 1991 година, на нашиот трет Илинден конечно се оствари вековниот стремеж за слободна, самостојна и независна Република Македонија како демократска држава во која сите се рамноправни и еднакви“, стои во честитката од Иванов.

Во неа, преседателот нагласува дека „денес Македонија е поделена повеќе од кога и да било порано во изминатиот четврт век“ и повикува на помирување и на сплотување.

„Внатрешните поделби се одразуваат на државните интереси, на европската иднина на Македонија. Во името на нашите херои од минатото, но и нашите деца, кои се херои на иднината, ве повикувам да смогнеме сили, да се помириме и да се сплотиме. Да изградиме култура на дијалог и компромис, но и чувство за единство околу државните интереси. И, пред сè, да се почитуваме, и покрај нашите најдлабоки политички и идеолошки разлики. Само така ќе успееме кон победите од минатото, да додадеме победи и во иднината. Само сплотени ќе успееме да истраеме на нашиот пат за просперитетна, посреќна и побогата Република Македонија“, се вели на крајот на честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...