fbpx

Иванов: Системот на разузнавачките служби беше тектонски нарушен од Верушевски

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во интервју за „Дневник“ повторно директно ги нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинувајќи го дека е креатор на политичката криза, и Специјалното јавно обвинителство, за кое вели дека постапува селективно.

Иванов повторно го повикува Заев „да собере храброст“ и да побара да му биде повлечена аболицијата за случајот „Глобал“ од 2008 година.

„Заев неколкупати изјави дека ако има законска основа, тогаш тој ќе побара повлекување за тоа помилување. Сега таква законска можност постои. Ако тој е, како што вели, чист и целиот случај е политички притисок врз него, еве, сега има начин да ја докаже својата невиност. Му треба само малку храброст да го напише тоа на лист хартија, да го потпише и да го достави како официјално барање“, вели претседателот.

Иванов вели дека минатата година се обидел да иницира лидерска средба, без знаење на јавноста, за решавање на политичката криза, но бил одбиен од Заев, кој, според Иванов, се плашел да не биде уапсен. Тој  ги обвинува Заев и Ахмети за сервилност кон претставниците на меѓународната зедница во земјава.

„Тогаш се вклучија меѓународните претставници и побараа тие да организираат лидерска средба. Така и се постигна Договорот од Пржино. Со тоа, овие двајца лидери ја презедоа одговорноста, наместо во институциите на државата, да одат во странски амбасади и таму да носат решенија за државата“, вели Иванов.

Прашан за безбедносната состојба во земјава, претседателот, меѓу другото, вели дека граѓаните треба да бидат спокојни и да имаат доверба во институциите и во безбедносните служби.

„Сега сосема се поинакви безбедносната состојба и нашата реалност. Полицијата и безбедносните служби се повторно под едно старешинство и под една команда. Целиот тој систем на разузнавачки служби на некој начин ни беше тектонски нарушен од активностите на Верушевски (Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК, н.з.) и на неговата група. Но, го издржавме тој удар и следуваат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитетите со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму“, вели претседателот во интервјуто за „Дневник“.

Иванов очекува политичката криза да се реши со спроведување на избори и со почитување на Уставот и на законите.

„Ова е реална политика, а во политиката сè се решава преку дијалог, а не монолог. Ова не е борба за живот и смрт како што тие сакаат да ја прикажат. Ако не може да се води дијалог, тогаш единственото нешто што останува е да се почитуваат утврдените процедури. Тоа значи да има избори, да се излезе на нив и да се добие довербата од граѓаните. Друг начин за решавање криза нема, зашто ако не ги почитувате Уставот и законите, се доаѓа до претполитичка состојба во која се неизбежни сите видови конфликти“, вели Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...