fbpx

Иванов на Могерини ѝ ги повторил зборовите од вчерашното обраќање до граѓаните

-

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, го повторил ставот дека „согласно Уставот, како мандатар за состав на влада нема да го определи секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува Македонија, се загрозува суверенитет, независноста и унитарноста на државата“, соопштуваат од неговиот кабинент.

Тој истакнал дека „отсуството на јавна осуда за флангрантното мешање во внатрешните работи на Македонија ги создава проблемите и води кон поширока дестабилизација“ и дека со одредени „неконструктивни изјави кризата се продлабочува“. Иванов додал дека ова е шанса Европската Унија јавно и јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија и да ја повтори поддршката за неповредливоста на границите на Балканот.

Могерини, како што стои во соопштението од кабинетот на Иванов, истакнала дека „има целосно разбирање за комплексноста на состојбата и за улогата на претседателот во соочувањето со политичките предизвици“. Таа, според кабинетот на Иванов, посочила дека ги разбира правниот и политичкиот аспект, релевантни за надминување на политичката состојба и истакнала дека е подготвена да помогне моменталната политичка криза да не прерасне во меѓуетничка, па дури и во геополитичка криза.

Иванов на средбата оценил и дека со статус кво состојбата во европската интеграција, на Македонија ѝ е попречено правото на просперитет и се овозможува „зголемено влијание на други меѓународни фактори“ и нагласил дека „ЕУ не смее да дозволи ова да продолжи и треба конечно да го идентификува Балканот за еден од нејзините највисоки приоритети“.

Иванов се пожалил и на непочитувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и ја нагласил и потребата од организирање на попис на населението во Македонија.

Во однос на мигрантската и бегалска криза, Иванов истакнал дека е неопходно што побргу да заврши конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за да може, доколку е тоа потребно, да ја продолжи прогласената кризна состојба поради илегалната миграција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...