fbpx

Иванов му честиташе на Макрон

-

„Водени од заедничката визија за обединета и просперитетна Европа, сакам да Ве уверам дека Република Македонија ќе даде свој полн придонес во заедничките стремежи за демократска и развиена Европа, во интерес на просперитетот, стабилноста и на безбедноста на регионот на Југоисточна Европа“, напиша претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во честитката до Емануел Макрон, по повод неговата победа на претседателските избори во Франција.

„Ми претставува особена чест и задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за претседател на Француската Република, со желби за успешно извршување на оваа одговорна функција во полза на просперитетот и на благосостојбата на пријателскиот француски народ“, стои во честитката на Иванов.

Македонскиот претседател во неа изразува благодарност за поддршката што Франција континуирано ѝ ја дава на Македонија на патот кон целосно интегрирање на земјава во европските и во евроатлантските структури.

„Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да ја истакнам мојата и на Република Македонија, цврста определба за понатамошно зајакнување на пријателските односи и за продлабочување на политичкиот дијалог со Француската Република. На тој план, сакам да го нагласам моето лично убедување дека во периодот што следи соработката ќе бележи понатамошно интензивирање во сите области од заемен интерес. Повторувајќи ги моите срдечни честитки и желби за понатамошна успешна работа и лична среќа, Ви ги упатувам, господине Претседател, изразите на моето највисоко почитување“, стои во честитката на Иванов до Макрон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...