Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2016“ на најдобрите дипломирани студенти што ги негуваат инженерските дисциплини.

„Инженерски прстен“ е традиционална манифестација организирана од Инженерската институција на Македонија и од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.

„Инженерски прстен“ претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји, соопштија од кабинетот на претседателот на РМ.