Иванов и Шекеринска ќе говорат на свеченоста за Денот на АРМ

-

Централната свеченост по повод одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија (АРМ) ќе се одржи утре на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. Според протоколот, на свеченоста, која ќе почне во 19 часот, свои обраќања ќе имаат претседателот на државата, Ѓорге Иванов и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Претседателот Иванов ќе додели одликувања на командата за обука и доктрини, баталјонот за почести и четвртиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада.

На свеченоста, како што информираат од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, ќе присуствуваат највисоки претставници од сите државни институции, локални самоуправи, амбасади во Македонија и граѓански здруженија.

Од касарната „Илинден“ во чест на Денот на АРМ и почетокот на централната прослава, ќе бидат истрелани 10 плотуни од артилериски орудија.

Во рамките на одбележувањето на 18 Август – Денот на АРМ, утре во 9 часот на градските гробишта во Бутел во Скопје, повеќе делегации со воени почести ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе биде поставена целодневна изложба на борбени средства, техника и воена опрема на АРМ. Во текот на изложбата ќе бидат изведени и показни вежби од страна на припадниците на полкот за специјални намени, баталјонот за почести и центарот за обука и дресура на кучиња.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...