Иванов до Матис: Членството во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и приоритети

-

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис со кого разменил мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, соопшти кабинетот на Иванов.

Македонскиот претседател истакнал дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион.

Тој, како што соопштија од кабинетот, потенцирал дека Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД и дека и натаму ќе се залага за безбедноста, слободата и демократскиот напредок на регионот и активно ќе придонесува во заедничките активности во борбата против тероризмот и останатите закани на глобално ниво.

Претседателот Иванов се заблагодарил за поддршката што САД ја дава на Република Македонија со цел унапредување на реформите во одбраната и безбедноста, како од аспект на финансиска, така и практична и техничка поддршка преку учество во заеднички обуки, вежби и мисии.

-Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО компатибилна, и за тоа сме благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и новите предизвици – порача претседателот Иванов на средбата со секретарот за одбрана на САД.

Интензивирањето и унапредувањето на севкупните билатерални односи со САД, додаде претседателот Иванов, се од долгорочен интерес за Република Македонија.

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на...