fbpx

Иванов до ЕУ: На Македонија ѝ е потребна помош за да ви помогне вам

-

За справување со мигрантската криза и за намалување на безбедносните ризици, потребен ни е заеднички пристап преку јасно разграничување меѓу правниот и хуманитарниот, политичкиот, економскиот, социјалниот и безбедносниот аспект на кризата, истакна претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големи движења на бегалци и на мигранти.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, нагласил дека уште од почетокот, Македонија имала проактивен и превентивен пристап во менаџирањето на мигрантската криза и потсетил дека сме првата држава во Европа која прогласи кризна состојба и ја испрати армијата на државната граница за заштита на границата и за насочување на движењето на мигрантите.

– Ја презедовме одговорноста да бидеме чувар на портите на Европа. Распоредувањето на армијата за поддршка на полицијата во заштита на границата, резултира со запирање на движењето на илегалната миграција низ балканскиот коридор – истакна македонскиот претседател, дополнувајќи дека ни е потребна ревизија на законите за учеството на армијата во заштита на границите, домашната безбедност и во справувањето со тероризмот.

Но, од друга страна, како што посочи Иванов, иако Македонија се докажала како стабилен партнер, таа и понатаму нема пристап до базите на податоци на ЕУ за внесување и за споредба на податоци за мигранти и за странски терористички борци, со недостиг на разузнавачка соработка за размена на податоци и под негативна медиумска перцепција за спроведување на одлуките на Унијата.

– Сакам да упатам порака до Европската Унија. На Македонија ѝ е потребна помош за да ви помогне вам. Вие не можете да ги заштитите вашите надворешни граници ако прво не ги обезбедите коридорите долж државите кои се надвор од ЕУ. Македонија ќе дејствува во насока на заштита на националната безбедност. Какво било решение кое вклучува прием и сместување на мигранти и отворање на бегалски кампови во земји што не се членки на ЕУ нема да биде одржливо и не смее да биде дозволено – рече Иванов.

Според него, предивиците на безбедноста на ЕУ сè повеќе зависат од лидерството, политичката стабилност и од кризниот менаџмент на владите на трети земји, кои се главните точки за излез и за влез на коридорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...