fbpx

Иванка Трамп и официјално стана службеничка во Белата куќа

-

Иванка Трамп се приклучи кон администрацијата на својот татко како официјално вработена. Таа ќе работи во Белата куќа, но нема да зема плата.

Трамп изјави дека „слушнала дека некои луѓе се загрижени што таа ќе го советува претседателот како приватно лице“.

Иванка Трамп и претходно најави дека ќе добие канцеларија во Белата куќа и одобрение од Советот за безбедност, но рече дека нема официјално да се приклучи на администрацијата. Таквата одлука предизвика критики од експертите за етика.

Нејзината адвокатка Џејми Горелик рече дека Иванка Трамп ќе ја пријави својата финансиска состојба исто како што се бара од вработените во федералната администрација и дека ќе ја обврзуваат правилата на етика кои таму важат.

Белата куќа соопшти дека е „задоволна што Иванка Трамп се одлучила на таков чекор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...