fbpx

Италијанска студија покажува дека смртноста од ковид-19 се намалила за 95 отсто по првата доза вакцина

-

Во Италија заразувањето со корона вирусот е намалено за 80 проценти по пет недели од примањето на првата доза од вакцините против ковид-19 на Фајзер/Бионтек, Модерна и Астра Зенека помеѓу населението, покажува италијанско истражување што беше објавено вчера, пренесува Ројтерс.

Ова е прво обемно истражување во земја-членка на ЕУ кое го обработува реалното влијание на имунизацијата на населението со вакцини против ковид-19, а е спроведено од Националниот институт за здравје на Италија, на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.

Научниците ги проучувале податоците од 27 декември 2020 година, кога започнала кампањата за вакцинација во Италија, до 3 мај годинава.

„По 35 дена од првата доза, постои намалување за 80 проценти на заразувањето, намалување за 90 отсто на хоспитализациите и намалување за 95 отсто на починати“, се наведува во италијанската студија.

Италијанските здравствени власти заклучиле во студијата дека податоците потврдуваат оти кампањата за вакцинација е неопходно да постигне висок степен на имунизација на населението за да се надмине пандемијата.

Од населението кое досега ја примило вакцината и било вклучено во истражувањето, 95 отсто ги примиле вакцините на Фајзер/Бионтек или Модерна, додека 5 отсто биле вакцинирани со прва доза од вакцината на Астра Зенека.

До вчера наутро, околу 8,3 милиони Италијанци ги примиле двете дози на вакцина против ковид-19, што е 14 отсто од населението. Исто така, дополнителни 10 милиони лица ја примиле првата доза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...