По трет пат во Македонија ќе се одржи „Cinema Made in Italy”, филмска ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија, организирана од Cinecittà, еден од најважните европски филмски и фотографски архиви, во соработка со Италијанскиот институт за култура во Белград и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје.
Во текот на четирите ревијални вечери ќе бидат прикажани филмови излезени во киносалите во текот на оваа година, најнови остварувања на афирмирани или нови режисерски имиња, селектирани и претставени на најпрестижни филмски фестивали.
Проекциите ќе се одржат во „Синеплекс“ во Сити мол, а филмовите ќе бидат со превод на македонски. Влезот ќе биде бесплатен.
Утре од 20 часот ќе биде прикажан „Забранетиот град“ (2025), во режија на Габриеле Маинети Четврток, на 11 декември од 20 часот – Три чинии (2025), во петокво исто време ќе се прикаже „Грабнувањето на Арабела“, во сабота на 13 декември „Една учебна година“ (2025), во режија на Лаура Самани.
