Италијанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на „Фејсбук“ информираше дека и Велика Британија ја завршила националната процедура за ратификување на протоколот за НАТО.

„Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме!“, напиша Шекеринска на фејсбук-профилот.

Таа претходно се заблагодари и на Италија за ратификацијата.