Истражување покажува дека јавните личности жени преку Инстаграм пораки се постојани жртви на мизогинија

Фото: Souvik Banerjee on Unsplash

Центарот за борба против дигитална омраза (CCDH) од Лондон спроведе истражување во кое преку анализа на 1000 приватни пораки испратени до Инстаграм профили на пет женски јавни личности се покажува дека тие често добиваат пораки со мизогиниска содржина, пренесува лондонскиот весник Гардијан.

Станува збор за 8.717 од 1000 гласовни и текстуални пораки и фотографии кои содржат голотија испратени преку опцијата да се избришат откако ќе бидат отворени што биле праќани до актерката Амбер Херд, телевизиската презентерка Рејчел Рили, активиската Џејми Клинглер, новинарката Брајани Гордон и Шеран Даливал, основачка на списанието „Бурнт Роти“.

„Ова е епидемија на мизогиниска злоупотреба што зазема место во пораките на жените-кориснички на социјалната мрежа Инстаграм. Мета (Фејсбук) мора да ги стави правата на жените на прво место, пред профитот“, изјавил извршниот директор на CCDH.

Феит Ајшен, потпаролка на компанијата Мета на ова одговорила дека никој не може да прими гласовна порака или да добие фотографија од некој што не го познава или следи без претходно самиот да го одобри барањето да му биде испратена порака.

Од Мета велат дека иако не се согласуваат со повеќето заклучоци произлезени од истражувањето, сметаат дека вознемирувањето и насилството врз жените на било каков начин е неприфатливо.

„Поради тоа ние не дозволуваме родово-базирана омраза, закани или насилство за што минатата година најавивме воведување на мерки за поголема заштита на женските јавни личности“, велат од компанијата.

И покрај овие мерки, истражувањето покажува многу примери на пораки со несоодветна содржина, женска порнографија, како и насилни пораки и сериозни закани.

Податоците велат дека на секоја една од 15 пораки од вкупно 1000 е прикажано дека мерките не го спречуваат вознемирувањето, шти значи дека Инстаграм не успеава да дејствува и соодветно да реагира кај 9 од 10 профили што испраќаат такви пораки.

Истражувачите што ја работеле анализата ова го опишуваат како „системски неуспех“ да се заштитат жените во јавноста од „мизогиниско малтретирање“.